Фудбалерите на Тотенхем со гол во 94-тата минута успеаја да се спасат од пораз на домашен терен на денешниот последен меч од шестото коло во Премиерлигата. Лондончани одиграа 1:1 против Вулверхемптон, кој може да жали што не успеа да направи комплетна сензација.
Тотенхем го доби бодот со голот на Палиња (ВИДЕО) во последните моменти од натпреварот, додека претходно Вулверхемптон поведе преку Буено, во 54-тата минута.
Со ова реми, Вулверхемптон продолжија со серијата одлични резултати против Тотенхем, и вака дојдоа до шестиот натпревар без пораз против Спарс.