Чаирчанки ќе бркаат три гола негатива за 3. коло во ЕХФ Европскиот Куп

11

Ракометарките на Чаир се поразени од Милотест Ајдовшчина со 27-24 во првиот меч од ЕХФ Европскиот Куп. Ова значи дека чаирчанки на домашен терен ќе бркаат негатива од три гола за пласман во третото коло.

Со оглед на тоа дека македонскиот тим на одморот имаше негатива од шест гола (17-11), крајниотн исход и не е толку разочарувачки.

Катарина Митровиќ имаше десет одбрани, Билјана Дамчевска запиша осум гола, додека пет гола постигна Марија Николовска.

Реваншот е на програмата следната сабота во СЦ Јане Сандански во 19 часот.

ПретходноРајковиќ тргна триумфално: Тофаш ја отвори сезоната со победа над Фенербахче!
СледноОвен фрапиран од играта на дефанзивецот на Ливерпул: Конате не знаеше што прави