Попладнево се одиграа седум средби од 6.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше во Гевгелија каде во дербито силите ги одмерија Кожуф – Скопје.
На крајот беше 1:1, но се падна во сенка по инцидентот во 57.минута. Гостите поведоа со 0:1, а веднаш потоа дојде до немили сцени. Удрен беше еден гостински фудбалер, тука беа и дел од домашните фанови, дојде до општа мешаница која траеше околу 15 минути.
Сепак дербито продолжи, но судиското прдодолжение траеше 15 минути. Претходно Кожуф во 83.минута дојде до израмнување.
Во Штип домашната Брегалница славеше против Преспа со 2:0, но се очекуваше далеку поубедлива победа ако се знае дека вториот гол падна во самиот финиш на средбата. Сепак победа си е победа, па така со овие три бода „сините“ и натаму се лидери на табелата.
Шкендија Арачиново на Чаир успеа со 2:1 да слави над Слога Виница. Домашните дојдоа до трите бода многу потешко од очекувањата.
Победа конечно дојде до триумф и тоа со 1:0 во Прилеп, и тоа против составот на Г. Коњари кој сега има шест порази во исто толку мечеви.
Охрид со 1:5 убедливо славеше кај Вардар Неготино.
Во продолжение можете да ги видите сите резултати. Утре се игра мечот меѓу Тетекс и Беласица.
РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО
Брегалница – Преспа 2:0
Кожуф – Скопје 1:1
Новаци – Саса 0:0
Осогово – Детонит 0:1
Победа – Г. Коњари 1:0
Шкендија (А) – Слога (В) 2:1
Вардар (Н) – Охрид 1:5
УТРЕ, 15 Ч
Тетекс – Беласица