Италија и Бугарија ќе играат во големото финале на светското одвојкарско првенство во машка конкренција. Италијанската репрезентација ја победи Полска во полуфиналето неочекувано брзо и убедливо – во три сета со 3:0 (25:20, 25:21, 25:23).
Натпреварот, кој ветуваше да биде одбојкарски класик достоен за полуфиналето на Светското првенство, траеше само 85 минути. Италијанците закажаа финале против Бугарија, кое ќе се одигра во недела во 12:30 часот по средноевропско време, додека тимот предводен од тренерот Никола Грбиќ ќе игра против Чешка во 8:30 часот за бронзениот медал.
„Аѕурите“ ќе ја бранат титулата освоена во 2022 година во Полска и Словенија, кога ја победија Полска во финалето.
Претходно, репрезентацијата на Бугарија ја победи Чешка во полуфиналето со 3:1 (25:20, 23:25, 25:21, 25:22). Ова е прво финале за Бугарија на светските првенства по она на домашен терен во 1970 година, кога Бугарите беа „сребрени“.