Мартин Томовски не запира, со десет одбрани го остави Битигхајм при врвот!

84
фото: SG BBM Bietigheim (Facebook)

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски повторно беше на ниво на задачата во Втората Бундес-лига. Неговиот Битигхајм одигра реми кај Нордхорн, 27-27 во рамките на петтото коло.

Томовски запиша десет одбрани, односно 33% успешност. Македонскиот голман влезе во серија на двоцифрени интервенции, сезоната ја започна на најдобар можен начин, па токму затоа Битигхајм втор на табелата.

Тимот на Томовски има скор од три победи и две ремија.

ПретходноКожуф демантира: Немаше никаков напад или удар врз играч на Скопје (ВИДЕО)
Следно„Петарда“ после 75 години: Атлетико првпат од 1950 година му даде 5 гола на Реал