Сега веќе и дефинитивно е јасно дека на Леброн Џејмс претстојната 2025/26 сезона во НБА ќе му биде и последна во дресот на ЛА Лејкерси.
Очигледно е еден од најголемите клубови во најсилната кошаркарска лига во светот се спрема за ерата после Леброн.
По ова најновите информации, поточно шпекулации велат дека Леброн и кога ќе заврши претстојната сезона нема намера да оди во играчка пензија и има намера да игра барем уште една сезона.
Се споменува дека Далас е тимот кој е најзаинтересиран за да го има Леброн во сезоната 2026/27 кај себе.
Тоа е клубот од каде Лука Дончиќ дојде во ЛА Лејкерси.