Официјално: Забрана за навивачите на Ајакс да патуваат на гостувањето во Марсеј

33

Со потпис на министерот за внатрешни работи на Франција, е објавен документ во кој се вели дека на навивачите на Ајакс им се забрането да патуваат за Марсеј, каде што нивниот клуб во вторник ќе го одигра дуелот против Олимпик.

Во документот се вели дека до оваа одлука е дојдено исклучиво од безбедносни причини, затоа што искуствоот вели дека навивачите на Ајакс предизвикуваат сериозни безбедносни инциденти каде и да одат. Особено пак ако се знае карактерот на навивачите на Олимпик Марсеј, ваква одлука едноставно е неопходна.

Подолу во документот се вели дека ќе бидат спречени сите масовни патувања од Холандија накај Марсеј, било тоа да се по копнен, авионски или воден пат.

Во 2022 година во Марсеј гостуваше тимот на Феенорд, тогаш ваква одлука не беше донесена, а инцидентите донесоа огромна штета и повредени навивачи на двете страни.

 

ПретходноЕвропската недела на спортот 2025 финишира во Охрид
СледноЖоан Гарсиа опериран, ќе одсуствува од четири до шест недели