Немили сцени во второто полувреме на дерби натпреварот од 6.коло во ВМФЛ во Гевгелија меѓу Кожуф и Скопје. Имено се играше 57.минута кога гостите поведоа со 0:1. И по тој гол, барем од она што можеше да се види на стримот на ФФМ, дојде до инциедент. Удрен беше фудбалер на Скопје по што дојде до голема гужва на еден дел од теренот во близина каде беа и доашните фанови.
По околу 15 минути прекин, натпреварот продолжи.