Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ триумфално ја започна својата работа на кормилото на турскиопт прволигаш Тофаш. Во 1. коло во новата сезона од турската кошаркарска елита, Тофаш во големото дерби вечерва на домашен терен успеа да го совлада Фенербашче со 80:78.
Со оваа победа Рајковиќ покажа дека е доведен како големо засилување на клупата на Тофаш кој има големи амбиции оваа сезона. Во редовите на домашните одлично издание имаше Литванецот Блажевич со 21 поен, а Сајбир постигна 16. Кај Фенербахче најефикасен беше Хортон-Такер со 24 поени.