Фудбалскиот свет е во исчекување. Дали Израел, односно репрезентацијата на оваа земја и клубовите ќе бидат исфрлени од натпреварувањата на УЕФА поради настаните во Газа.
Според релевантните светски медиуми, на оваа тема се води голема дипломатска војна. Првата рунда ја добија Израелците и пред се дипломатите на САД, но последните информации велат дека, по големиот притисок на Катар и барањето на Турција, УЕФА закажа за следната недела состанок на својот Извршен комитет, Израелците се во паника, а секако и Американците.
Токму затоа, барем според одредени шпекулации, претседателот на САД, Доналд Трамп лично упатил порака до ФИФА поточно до Џани Инфантино, да не помислуваат да го суспендираат Израел.
Сепак, се чини дека Трамп ја погрешил адресата.
Јасно е дека СП 2026 е под капата на ФИФА, ама квалификациите за Мундијалот е под раководство на УЕФА, значи Европската куќа на фудбалот може да ја исфрли репрезентацијата на Израел и клубовите од таа земја од нејзините натпреварувања.
Во секоја случај треба да почекаме уште некој ден да видиме, прво дали УЕФА ќе се осмели да гласа и потоа каков ќе биде исходот од гласањето за исфрлање или суспендирање на Израел.