Баскет Кам доминантно до четвртиот Супер-Куп

62

Екипата на Баскет Кам ја продолжи доминацијата во Супер-Купот. Тимот од Крива Паланка дојде до четвртата титула во ова натпреварување, откако славеше против Вардар со 63-44 .

Ова беше прва победа за Тони Симиќ како предводник на Баскет Кам и прв трофеј.
Вардарки беа рамноправен противникот до првото полувреме во кое водеше со 24-25. Во третиот период Баскет Кам беше подобар со 24-7 и ја најави победата.

Кметовска и Димова со по 20 поени беа први стрелци, на другата страна Пишлевска имаше 12 поени.

ПретходноЧави се враќа на Блискиот Исток, го презема Ал Итихад
СледноСтрумица слави среде Скопје: Брера со уште едно победничко селфи!