Историска победа за Крива Паланка во ВАБА 2-лига

50
Фото: КФСМ

Екипата на Крива Паланка успешно го започна натпреварувањето во ВАБА 2 лигата. Во првото коло од новата сезона во женската регионалната лига, избраничките на тренерот Виктор Петровски беа подобри од Подгорица со 58-45.

Тоа е прв, и историски успех на женскиот колектив од Крива паланка во европска конкуренција

До крајот на првото полувреме, девојките од Крива Паланка имаа и повиска позитива (39:27). Гостинките од Црна Гора беа за нијанса подобар противник во третиот период од играта. Но доволно само да анулираат само мал дел од убедливото водство на Крива паланка. Намалија на (38:48), но не и нешто повеќе во последните десет минути кои беа и „најсиромашните“ во поглед на вкупниот број на реализации.

Аби Нијхуес дојде до дабл-дабл од 18 поени и 15 скока, Алексис Пул додаде 17 поени и 8 скока, Даја Грин заврши со 11 и Михаела Алексовска реализираше 10 поени.

Нема да имаат многу време за радост кошаркарките од Крива паланка, ако се знае дека веќе денеска од 15.часот, исто така пред својата публика во салата „Бранители 2001“ ги чека дуелот од второто коло во кое за противник ја имаат екипата на РМУ Бановичи, која во првиот меч од турнирот во Крива Паланка, загуби од словенечката Илирија со убедливи (62:87).

ПретходноЦаке: Нема да нѐ залаже лошата форма на Силекс
СледноСезоната не е ни почната: „Ајкули“ кружат околу Никола Јокиќ