Супер-Купот предвесник на новата кошаркарска сезона!

35

Како вовед на новата натпреварувачка сезона денеска ќе се одржи Супер Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, кој го носи името „Драган Василов-Цевка“.

МЗТ Скопје ќе се обиде да ја продолжи својата доминација во ова натпреварување преку Кожув (19:30 часот), кој лани играше во финалето на Купот на Македонија.

„Не очекува Суперкупот, тоа е прв официјален меч за нас оваа сезона. Минавме неколку недели заедно, добро се подготвивме за почетокот на оваа сезона. Играме со Кожув, тоа е релативно нов состав, со нови имиња, ни останува добро да анализираме, да се подготвиме и фокусирани, максимално да влеземе во натпреварот“, Бојан Крстевски, еден од искусните кошаркари на МЗТ Скопје.

Кожув кој направи промени во составот знае дека нема да биде лесно, но ќе се обиде да биде конкурентен.

„Не очекува важен натпревар, против екипата на МЗТ Скопје, која добро ја познаваме. бидејќи игравме лани против нив во финалето на Купот. Добро тренираме, имаме добра хемија во екипата. Како што се вели, нека победи подобриот. Исто така ја повикувам нашата публика да дојде во поголем број во Скопје, и да не бодри“, посакува Илија Колев, крилото на гевгеличани.

Кошаркарскиот хепенинг во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17.часот, кога на теренот ќе истрчаат актуечниот шампион во женска конкуренција, екипата на Баскет кам од Македонска каменица, и Вардар, кој пак е победник во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

ПретходноАко ви фалеше Златан Ибрахимовиќ (ВИДЕО)
СледноГолем проблем за Енрике, остана без нови две ѕвезди пред дуелот со Барселона