Апостолов: Бевме на една топка, пресуди искуството на МЗТ Скопје

26

Кошаркарите на Кожув беа многу блиску да го изненадат МЗТ Скопје во Супер-Купот кој го носи името на „Драган Василов-Цевка“. Во натпревар кој беше решен во последната минута, се чини дека пресудна беше тројката која ја постигна Војдан Стојановски, што го констатира и тренерот на екипата од Гевгелија, Апостоли Апостолов:

„Се што бевме договорени со играчите, тоа е да играме агресивна одбрана и да трчаме, во цел меч го исполнивме. Бевме на една топка со МЗТ. Никола Бојчев имаше шут за три и не го погоди. На другата страна погоди Војдан Стојановски и искуството си го направи своето. Јас сум презадоволен од играта и мислам дека ако сме вакви на секој меч, ќе одиме напред“- смета Апостолов по поразот во дуелот со МЗТ Скопје.

ПретходноТадеј Погачар е светски шампион на друмски патеки
СледноЕуфорија на “Сан Сиро“: Милан го победи Наполи, за Елмас 20 минути!