Атанасов: Имам тим на победници за кои немам сомнеж!

1

МЗТ Скопје Аеродром по осми пат во својата историја е освојувач на Супер Купот „Драган Василов-Цевка“. Во доста неизвесен меч, за нијанса беа подоброи оод гевгелиски Кожув (70:65).

Васко Атанасов, тренерот на актуелниот македонски првак имаше право на задоволство после мечот, неговите момци ја добија драмата и покрај тоа што не беа на ниво на задачата.

„Видовме доста неизвесен меч, јас и во најавата кажав дека ни следи интересен дуел. Се надевам дека публиката уживаше. За нас, ние сме се уште еден нов тим, екипата кој ја видовте на терен е заедно помалку од десет дена и имаа само еден меч заедно. Некои работи кои требаше да ги правиме подобро не ги правевме, но знам дека ќе ги исправиме. Имам екипа на победници, искусни и добри играчи, за кои немам сомнеж дека ќе играат доста подобро во иднина“- рече Атанасов по мечот во СРЦ „Кале“.

ПретходноХаос на “Маракана“: Раднички до 90.минута имаше 0:1, ама Ц. Звезда сепак победи, Лука Станковски остана на клупата!