Барса со пресврт до победа, сега е лидер во Ла Лига!

30
ФОТО: FC Barselona/FB

Потешко од очекувањата, сепак Барса успеа да дојде до победа во меч од 7.коло во Ла Лига и тоа како домаќин против Сосиедад со 2:1. Па така со овие три бода каталонците сега се први на табелата во Ла Лига со 19 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид кој вчера беше поразен во градското дерби од Атлетико Мадрид со 5:2.

Гостите од „Сан Себастијан“ вечерва на “Монжуик“ поведоа со голот на Одриозола во 31.минута.

Секако дека ова беше големо изненадување. Сепак Кунде во самиот финиш на првиот дел стрелаше за 1:1.

Во второто полувреме во игра влезе Јамал и играта на Барселона дона друга димензија.

Асистенција на Јамал во 59.минута, само неколку секунди откако влезе во игра, а Левандовски стрела за 2:1.

Во продолжение од средбата Барса имаше неколку шанси за 2:1, но и гостите имаа свои можности за израмнување.

Во 84. и 85.минута беше супер интересно пред двата гола. Прво Кубо ја погоди пречката на Барса, за да потоа Левандовски од идеална позиција исто ја погоди пречката, ама на Сосиедад.

ПретходноСкопје ќе “ГОРИ“: “Чкембарите“ најавија инвазија во главниот град за мега – дербито со Вардар!(ФОТО)
СледноЈетон Беќири по триумфот во дербито: „Важна победа, Шкендија го враќа својот сјај“!