Бетис со 2:0 успеа да слави рутински триумф против Осасуна во меч од 7.коло во Ла Лига. Ова беше трета победа на тимот од Андалузија, кој сега има 12 бода и се наоѓа на 6.место на табелата.
Домашните фудбалери на најубав можен начин му го честитаа рекордот на својот тренер Мануел Пелегрини, кој од вечерва е тренер со најмногу натпревари во историјата кој го водел Бетис. Вкупно 264 меча како стратег на тимот од Севиља за Чилеанецот.
Веќе во 19.минута Езалзули му донесе водство на својот тим од 1:0 за голема радост на домашните фанови.
Во 38.минута Кучо Хернандез зголеми на 2:0. По тој гол никој не очекуваше дека токму тој гол ќе биде последен на мечот, но така беше.
До крајот на мечот гостите од Памплона се обидоа да сторат нешто, да направат пресврт, но Бетис знаеше како треба и на крајот заслужено освои три бода.