Милан – Наполи 2:1 во супер – дербито вечерва во Серија А во рамките на 5.коло. Во спектакуларен меч пред преполните трибини на „Сан Сиро“, Алегри го надмудри Конте, ова е и прв пораз на Наполи сезонава, па така сега Милан е лидер на табелата.
Веднаш да кажеме дека Елиф Елмас влезе во игра во 72.минута место Кевин де Брујне, во два наврати опасно се закани, но сепак не успеа да му донесе барем бод на својот тим.
Веќе во 3.минута Салемакерс погоди за 1:0 за Милан, за експлозија на „Сан Сиро“. Во 31. минута Пулишиќ стрелаше за 2:0. Наполи беше во ногдаун.
Сепак шампонот се дигна, Де Брујне во 60.минута намали од пенал, а до крајот гостите во неколкуи наврати опасно се заканија, но Мењон со фантастични одбрани ја спаси победата на Милан кој од 57.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Еступињан.