Во Силекс едногласни: Се надеваме дека од Тетово ќе си одиме непоразени!

26

Серијата од два порази Силекс ќе се обиде да ја прекине на дуел против Шкендија во Тетово. Кратовскиот прволигаш загуби од Башкими на гости и од Струга ТЛ дома, а серијата на тешки натпревари продолжува денеска со гостување во Тетово, кај актуелниот првак, дуелот е закажан со почеток во 15 часот.

„Ни претстои тежок меч против шампионот. Имаме мала резултатска криза, но се надевам дека таа серија на непоразени ќе си одиме од гостувањето во Тетово. Треба само да веруваме во нашите квалитети. Ги анализиравме грешките од претходните натпревари, и мислам дека со максимална посветеност ќе излеземе од оваа резултатска криза“, вели Дарко Анѓелески, капитенот на екипата на Силекс.

Тој изјави оти верува дека Силекс може да се врати непоразен од ова тешко гостување.

„Сигурно дека ова гостување е едно од најтешките во сезоната, но сметам дека ако сме вистински од првата минута, можеме да дојдеме до позитивен резултат“, заврши Анѓелески.

ПретходноСезоната не е ни почната: „Ајкули“ кружат околу Никола Јокиќ
СледноЅвезда на ПСЖ сака да оди во Реал, парижаните порачаа: Може, но за најмалку 100 милиони евра!