ПМФЛ: Без шанси и без голови на дербито под Шара, Работнички – Брера 1:3!

0
ФОТО: Kf Shendija/FB

Завршија првите полувремиња од денешните два меча од 8.коло во ПМФЛ. Сите погледи се свртени кон Тетово каде под Шара се игра дербито меѓу Шкендија и Силекс. По првите 45.минути нема голови, немаше ни шанси. Премногу тактика, се игра тврдо. Шампионот ја имаше иницијативата, но без нешто конкретно. Голманите Гаје и Џеков речиси и да немаа интервенција.

Кратовци ориентирани на одбрана, со цел да се дојде до бод кој и тоа како добро ќе им дојде по двата порази во низа.

Зејнулаи во 42.минута не успеа да ја шутне со глава таа топка пред голот на кратовци, и тоа беше тоа од случувањата во првиот дел од оваа средба.

На Арената во Скопје, Работнички – Брера 1:3. Интересен резултат, ако се знае дека во текот на целото прво полувреме домашните ја имаа иницијативата, но Михаилов ја донесе Брера во водство со 0:1 уште во 5.минута. Работнички израмни на 1:1 во 28.минута со голот на Кадриу, а во 43.минута Ндзенгуе од пенал повторно ги донесе гостите во водство. Но тоа не беше се, до крајот на полувремето струмичани стрелаа уште еднаш за сега веќе убедливи 1:3 со голот на Наумчевски.

По тој гол дојде и до инцидент во кој учествуваа дел од играчите на двете екипи.

ПретходноКои се трите имиња кои управата на Манчестер Ј. ги разгледува како замена за Аморим?