ПМФЛ: Голеада на Арената, Брера со триумф против Работнички!(ФОТО)

0

Уф, каков меч на Арената меѓу Работнички и Брера, кој струмичани го добија со 3:4. Одамна не сме гледале ваков меч, не толку квалитетен колку што беше возбудлив и супер- интересен.

На крајот струмичани ги освија сите три бода, екстра значајни а Работнички ќе се прашува дали смееше вакво нешто да дозволи.

Кога Брера во 5.минута преку Михаилов поведе со 0:1, никој не помислуваше дека на оваа средба ќе има голеада.

И имаше и тоа каква.

Веќе во 28.минута Кадриу израмни на 1:1, се чинеше дека Работнички ќе го сврти резултатот, но место тоа нов гол за струмичани и тоа преку Ндзенгуе од пенал за 1:2 во 43.минута. И тоа не беше се од првиот дел, Наумчевски стрелаше за 1:3, резултат со кој се замина на пауза.

А во второто полувреме Работнички напаѓаше, имаше шанси, постигна и гол за 2:3 во 73. преку Имери од пенал.

Сепак Брера знаеше како, две минути подоцна Ндзенгуе со својот втор гол носи 2:4 за гостите, и тука се реши победникот.

До крајот Работнички со прекрасниот гол на Имери, исто втор, од слободен удар успеа само да го ублажи поразот за конечни 3:4.

Сега веќе и дефинитивно се гледа дека Работнички е во страшна криза, не оди па не оди. Само една победа и едно реми на осумте средби, а Брера на 6.место со 11 бодови.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноПрва радост за Астон Вила: Момците на Емери подобри од Фулам