Поразот од Роналдо му пресуди: Ал Итихад го „шутна“ Лоран Блан

38
фото: Al-Ittihad Club (X)

Некогашниот селектор на Франција, Лоран Блан повеќе не е тренер на Ал Итихад, објави клубот од Џеда.

Француските медиуми објавија дека Блан бил отпуштен откако Ал Итихад беше поразен дома од Ал Наср (0:2) пред два дена во четвртото коло од Професионалната лига на Саудиска Арабија.

Блан (59) го презеде Ал Итихад во јули 2024 година, а со клубот од Џеда ја освои „двојната круна“ во Саудиска Арабија минатата сезона.

Клубот од Џеда моментално е на третото место на табелата во Саудиската професионална лига со девет бода од четири натпревари.

ПретходноСП во одбојка: Италија го одбрани светското злато
СледноКои се трите имиња кои управата на Манчестер Ј. ги разгледува како замена за Аморим?