Прва радост за Астон Вила: Момците на Емери подобри од Фулам

0
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Астон Вила ја остварија првата победа сезонава во Премиер лигата откако на натпреварот од 6. коло од домашното првенство со пресврт славеа против Фулам со 3:1.

Неодамнешната победа против Болоња на меѓународната сцена им даде поттик на момците на Унаи Емери да продолжат во ист стил во домашното првенство и на овој начин да го подобрат донекаде скромниот впечаток од почетокот на сезоната.

Гостите тргнаа со гол за водство уште во третата минута кога Раул Хименез ја смести топката во домашната мрежа. До крајот на полувремето, Емери направи и промена, внесувајќи го искусниот Пау Торес на местото на Тајрон Мингс, а во 37-та минута резултатот веќе беше израмнет. Стрелец беше искусниот Оли Воткинс.

Почетокот на второто полувреме донесе два брзи гола за Вила и целосен пресврт. Прво, Мек Гин, искористувајќи ја грешката на Фулам, му донесе водство на својот тим во 55-тата, а само две минути подоцна, Емилијано Буендија, ги постави конечните 3:1.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПМФЛ: Мајсторија на Ибраими, Шкендија го победи Силекс и изби на чело на табелата! (ВИДЕО)