Македонскиот стратег, Емил Рајковиќ имаше деби од соништата во новата сезона во турскиот шампионат. Тој го предводеше Тофаш до победа против Фенербахче. Мечот беше решен во драматична завршница со кош во последната секунда.
Рајковиќ по завршување на мечот ги пренесе своите впечатоци:
„Оваа атмосфера ја заслужи оваа игра. Им се заблагодарувам на нашите навивачи за тоа што ја создадоа оваа прекрасна атмосфера и на моите играчи за нивниот одличен настап. Игравме до самиот крај на натпреварот. Фенербахче е многу важен тим, но ние одигравме многу добро. Среќни сме што победивме по ваков убав натпревар“, рече Рајковиќ.