Слот е бесен на двајца дефанзивци на Ливерпул

85
фото: Liverpool FC (Facebook)

Арне Слот беше бесен од евтиниот и наивен начин на кој Ливерпул му дозволи на Палас да го постигне својот втор гол за победа на вчерашниот дуел во Премиер лигата. Холандскиот стратег бил исклучително лут на Милош Керкез кој не успеа да ја расчисти топката при последниот аут за домашните, како и на Жереми Фримпонг, кој сакаше да тргне во контранапад, место да внимава на нкетиа до кого дојде топката за голот за победа на Палас.

„Тоа беа 60 секунди скапа глупост. Можеме само да се обвинуваме себеси ако се браниме на овој начин“, рече Слот пред новинарите.

„Еден од нашите играчи одлучи да истрча во некаква контра, што беше бескорисно. Времето истече. Стануваше збор само за одбрана. Можеби бевме премногу офанзивно настроени – или еден играч беше премногу офанзивно настроен“, потенцираше лутиот Слот.

ПретходноДиего Симеоне: Има многу емоции, оваа сезона започна тешко
СледноСП во одбојка: Италија го одбрани светското злато