Струмица слави среде Скопје: Брера со уште едно победничко селфи!

252

Во неверојатен меч од 8.коло попладнево на Арената во Скопје, Брера успеа со 3:4 да го победи Работнички и да освои три екстра значајни бодови. Струмичани се во налет, два меча и две победи па така со освоени 6 бодови во низа, сега тимот на Брера се наоѓа на 6.место на табелата со вкупно 11 бода.

Па кој веруваше дека Брера е кадарна за такво нешто. Фудбалските познавачи коментираа дека овој тим е “печен“ за испаѓање од елитата, ама Брера изненадува и тоа како изненадува.

Секоја чест за овој млад тим кој знае како треба.

ПретходноБаскет Кам доминантно до четвртиот Супер-Куп
СледноАрсенал посилен и од судиите за триумф на „Ст. Џејмс Парк“!