Тадеј Погачар е светски шампион на друмски патеки

12
фото: @UAE-TeamEmirates (X)

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар го освои златото на друмската трка на Светското првенство во Кигали, Руанда. Ова е втора последователна победа на Словенецот на оваа дистанца на Светските првенства.

Среброто му припадна на Белгиецот Ремко Евенепул, кој заврши 1 минута и 28 секунди зад шампионот. Ирецот Бен Хили дојде до бронзениот медал со заостанување од 2 минути и 16 секунди зад Погачар.

Канаѓанката Магдален Валиер го освои златниот медал во женска конкуренција.

ПретходноАтанасов: Имам тим на победници за кои немам сомнеж!
СледноАпостолов: Бевме на една топка, пресуди искуството на МЗТ Скопје