Хаос на “Маракана“: Раднички до 90.минута имаше 0:1, ама Ц. Звезда сепак победи, Лука Станковски остана на клупата!

237

И тоа како беше интересно на “Маракана“ вечерва. Во меч меѓу Ц. Звезда и Раднички Крагуевац, имаше од се по нешто. Победи шампионот на Србија со 2:1, но до 90.минута гостите водеа со 0:1. Сепак во судиското продолжение кое траеше речиси 20 минути, домашните со головите на Лековиќ во 90. и 90+6.минута на Иваниќ големиот фаворит успеа да победи и тоа со играч помалку во целото второ продолжение.

Инаку ова големо судиско продолжение беше поради хаосот што во неколлку наврати го направија “Делиите“ кои со топовски удари и бакљи го гаѓаа гостинскиот голман Владимир Стојковиќ, инаку некогашен нивни идол.

Да кажеме и тоа дека Лука Станковски целиот меч го преседе на клупата на Раднички.

ПретходноПродолжува доминацијата: МЗТ Скопје го освои осмиот Супер-Куп трофеј (ФОТО)
СледноАтанасов: Имам тим на победници за кои немам сомнеж!