Великанот на хрватскиот и светскиот тенис Никола Пилиќ во саботата беше испратен на својот последен дом на гробиштата во Опатија, пренесува порталот poduckun.net. Погребот се одржа во кругот на семејството, пријателите и тенисерите кои ги создаваше и водеше за време на својата долга тренерска кариера, често и во улога поголема од ментор.
Пилиќ почина на 87-годишна возраст во Опатија, градот во кој живееше и заедно со својата сопруга Милица Мијa Адамовиќ ја водеше својата позната тениска академија. На испраќањето, покрај членовите на семејството, присуствуваа и бројни истакнати играчи меѓу кои Новак Ѓоковиќ.
„Ние во суштина сме негови ученици, негови следбеници, неговото наследство. Како што малку пред тоа зборувавме, тој ќе живее – засекогаш. Додека сме ние живи, ќе го славиме неговото име и сè што направи за тенисот. И за хрватскиот, и за нашиот во Србија, европскиот, светскиот… така што, фала ти, Нико…“, рекол Ѓоковиќ.