Тетекс – Беласица 0:1 е епилогот од попладневниот последен меч од 6.коло во ВМФЛ, кој се одигра во Јегуновце.
Па така со оваа победа и со овие три бода, сега 16, струмичкиот второлигаш повторно е на делба на лидерската позиција на табелата во второлигашкото друштво.
Интересно, Беласица до победничкиот гол на гости кај Тетекс дојде уште во 2.минута. Ретко кој очекуваше дека во следните 88.минути плус судиското продолжение нема да видиме голови, но така беше.
Тетекс се обиде со сите сили да дојде до израмнување и до евентуален пресврт, сепак не успеа.
Беласица ги освои трите екстра значајни бода на овој последен меч од 6.коло во ПМФЛ.