Рома предводена од Џан Пјеро Гасперини ја продолжи фантастичната низа на стартот на новата сезона од италијанската Серија А. Денеска во меч од 5. коло, „римската волчица“ без поголеми проблеми дојде до четвртата победа сезонава, совладувајќи ја Верона со 2:0.
Римјаните го отворија резултатот во 7. минута со голот на Украинецот Довбик, а конечната одлука за трите бода падна во 79. минута, кога Суле погоди и за 2:0. Во самиот финиш на мечот, фудбалерите на Верона успеаја да намалат на 2:1 со погодокот на Орбан во 95. минута, но поради играње со рака, голот беше поништен.
Во вториот попладневен дуел, екипите на Пиза и Фиорентина поделија по бод. Мечот заврши со најнепопуларните 0:0.
Standings provided by Sofascore