Кога играат Вардар и Пелистер, посебно во ракометот, тоа е дерби за сите вкусови.
Во среда од 19 часот во “Јане Сандански“ во Скопје, во меч од 5.коло во ракометната Суперлига Вардар го дочекува Пелистер, и се очекува уште еден спектакуларен дуел на најтрофејните наши ракометни екипи.
Јасно е дека домашните ќе ја имаат поддршката од своите фанови, а денеска „Чкембарите“ преку своите социјални мрежи најавија инвазија на главниот град со цел да им се даде поддршка на своите миленици.
Јасно е дека се очекува вистински спектакл, Скопје ќе “ГОРИ“.
Варар и Пелистер во веројатно најголемото ракометно дерби на овие простори тоа и го заслужуваат.