СП во одбојка: Италија го одбрани светското злато

57
фото: Volleytrails (X)

Италија е нов светски првак во одбојка во машка конкуренција, со што практично италијанците ги обединија титулите во сениорска конкуренција, откако пред само неколку недели и женската одбојкарска репрезентација на Италија го освои светското злато.

Италијанцитеја одбранија светската титула од пред две години, победувајќи во финалето во Манила против Бугарија со 3:1 (25:21, 25:17, 17:25, 25:10). Бугарите одиграа добро, но Италија успеа да ги реши првите два сета во своја полза. Бугарија се закани освојувајќи го третиот сет, но во четвртиот Италија практично ги прегази оставајќи ги на само 10 поени и искачувајќи се на светскиот одбојкарски трон.

Најдобар играч беше Романо со 22 поени. По него следеа Ботоло со 18 и Микелето со 11 поени. Најистакнат играч кај Бугарите беше Николов, кој му донесе на својот тим 23 поени. Во битката за бронзениот медал Полска со 3:1 ја совлада Чешка.

ПретходноСлот е бесен на двајца дефанзивци на Ливерпул
СледноПоразот од Роналдо му пресуди: Ал Итихад го „шутна“ Лоран Блан