Цаке: Нема да нѐ залаже лошата форма на Силекс

52

Шкендија денеска ја очекува меч во 8. коло во ПМФЛ против Силекс, кој минатата сезона заврши на вицешампионската позиција. Амбициите на Шкендија се одбрана на првото место во оваа сезона, и освојување на нова титула во првенството. Такви се и очекувањата и од таборот на тетовската екипа.

Што се однесува до мечот со Силекс, најавуваат дека ќе го дадат максимумот, и дека нема да ги залаже двата порази по ред на противникот.

„Ова ќе биде дерби натпревар меѓу два тима кои како минатата, така и оваа сезона најавуваат борба за врвот. Дефинитивно не криеме дека имаме цел да ја одбраниме титулата, а тоа можеме да го оствариме само со континуитет на добри резултати. После одличниот почеток, Силекс во последните две кола има пад во формата. Меѓутоа двата порази по ред нема да нѐ залажат. Треба максимално сериозно и концентрирано да му пристапиме на овој меч, со почит кон противникот, но и верба во сопствените квалитети. Со помош на поддршката и од нашите навивачи, верувам во добра фудбалска партија и наша победа“, изјави Клисман Цаке, дефанзивецот на тетовска Шкендија.

Шкендија идната недела ја очекува и првиот дуел во групната фаза во Лигата на Конференции против Рајо Ваљекано.

ПретходноРајковиќ по големата победа над Фенербахче: Оваа атмосфера – заслужи ваква игра!
СледноИсториска победа за Крива Паланка во ВАБА 2-лига