Башкими не се дава, Вардар одигра 0:0 во Куманово

228

Во рамките од осмото коло од домашниот ПМФЛ шампионат, екипата на Вардар на гостински терен во Куманово одигра без голови 0:0, против домашниот тим на Башкими.

Во одлилна атмосфера, и преполн стадион домаќинот одигра и повеќе од солиден натпревар против објективниот фаворит, кој не го одигра својот најдобар натпревар денеска.
Напротив, Башкими ја имаше веројатно најдобрата шанса на овој меч и тоа во првиот дел, кога една моневита контра го исфрли Марко Симоновски сам пред Давор Талески. Сепак, голманот на Вардар го спаси својот гол во таа ситуација, што се покажа подоцна и како клучен момент. Омерагиќ беше тој кој што единствен се закани во првиот дел кон голот на Јашар, а во второто полувреме неколку полуобиди на гостите кои не создадоа 100% шанса во овој дел од мечот. Талевски имаше ситуација на самиот крај од мечот, но Јашар повторно на висина на задачата.

И во оваа ситуација денеска, се покажа дека Куманово и Башкими се сериозен момент сезонава во ПМФЛ шампионатот, и дека новиот прволигаш има на што да се надева сезонава.

Вардар пак од друга страна ја продолжи серијата без пораз, но реално „црвено – црниот“ тим се надева на нешто повеќе од бод на мечевите од домашниот шампионат.

 

ПретходноПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО МОБ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА
СледноМалески ја постави Струга ТЛ на лидерското место во ПМФЛ