Валенсија и Овиедо го одложија денешниот меч за утре

59

Поради обилни дождови во тој регион на Шпанија, вечерашниот меч од Примера шампионатот, седмото коло помеѓу Валенсија и Овиедо е одложен за утре.

Мечот требаше да се одигра денеска со почеток во 21:00 часот, но властите наредија меѓу другото и овој дуел да биде одложен. Веќе е донесена одлука да не работат сите образовни установи, како и многу други јавни институции.

Претставници на двата клуба, Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација одржаа состанок за да ја проценат ситуацијата и да донесат одлука за гарантирање на безбедноста на навивачите и персоналот кои требаше да го посетат стадионот вечерва.

ПретходноМусемиќ доби отказ во Сараево, Ристовски и Елези останаа без тренер
СледноМега талентот на Барселона потпиша договор со клаузула од 500 милиони евра