Феникс Меркјури ја совлада екипата на Минесота Линкс со 86:81 и така обезбеди пласман во финалето на ВНБА лигата, а Американката со македонски пасош Девана Бонер испиша историја, ја одигра својата 15. сезона во плејофот – што е апсолутен рекорд.
По повредата се врати и репрезентативката на Македонија, која во последната четвртина заигра на највисоко ниво и со 13 поени и 6 скокови го внесе својот тим во финалето.
Во финалето, Феникс Меркјури ќе игра со Лас Вегас Ејсес.
„Мислам дека на ова патување за мене најважни се луѓето што беа со мене. Сите тие настапи во плејофот се таму, но, човече, колку е тешко да се стигне до финале. Баш разговарав со соиграчките дека сум долго во лигата и 15 пати сум била во плејоф, а само три пати во финале. Многу е тешко да се вратиш во финале и почестена сум што повторно сум тука со овие девојки“, изјави Девана Бонер за кого ова ќе биде трето финале.
Со Меркјури има две ВНБА титули, шест пати била Ол-стар и три пати најдобра шеста кошаркарка во лигата. Иако играше за младинските категории на САД, во 2018 година доби македонски пасош, а во 2021 година дебитираше против Босна и Херцеговина со 11 поени и 9 скокови.