Малески ја постави Струга ТЛ на лидерското место во ПМФЛ

194

Со двата гола на Христијан Малески во самиот финиш на натпреварот, тимот на Струга ТЛ денеска во рамките од осмото коло од ПМФЛ шампионатот, на домашен терен успеа да слави против тимот на Пелистер со конечни 2:0.

Во меч, во кој се очекуваше победата да пристигне далеку полесно, тимот на Трим Лум ги освои трите бода и сега со 22 поена, е осамен на лидерската позицијат во ПМФЛ шампионатот.

Домаќинот на овој меч имаше иницијатива во текот на сите деведесет минути, но го „скрши“ отпорот на Пелистер дури во самиот финиш на мечот.

Христијан Малески се покажа како супер замена, затоа што погоди најпрво во 84. минута, за 1:0, а потоа и во четвртата минута од судиското продолжение за конечни 2:0.

Со ова Струга ТЛ дефинитивно стави до знаење дека сезонава има намера да оди на шампионската титула, што резултатите и игрите го потврдуваат тоа, а што се однесува до Пелистер, битолчани добро нека се замислат во кој правец одат и дали е време за промени со оглед на шесте освоени бодови во осум одиграни мечеви.

ПретходноБашкими не се дава, Вардар одигра 0:0 во Куманово
СледноПодолски стана „ултрас“ на својот Горник