„Не правиме разлика меѓу противниците, секој меч одиме на три бода“

52
Фото: Струга Трим Лум/Фејсбук

Струга Трим Лум сè уште е непоразен тим во Првата МФЛ и сака да продолжи во ист стил и на денешниот дуел против Пелистер, кој е закажан со почеток во 15 часот, на Градскиот Стадион во Струга.

Тренерот Бледи Шкемби нагласува дека тимот се подготвува идентично за секој првенствен натпревар и никого не потценува, затоа што секој меч носи иста вредност, три бода.

„Ние секоја недела натпреварите ги подготвуваме на ист начин. Не правиме разлики меѓу екипите. Нашата мотивација како тим секогаш се трите бода и успехот на крајот од секој меч. Драго ми е што и ние како стручен штаб, но и играчите, сите сме на иста линија. Пелистер заслужува максимален респект, а нашиот мотив е да продолжиме со успешни резултати“, изјави Шкемби.

ПретходноПотврдено: Кари и Вориорс добиваат шампионско засилување
СледноКако изгледа табелата во Супер-лигата пред дербито меѓу Вардар 1961 и Пелистер?