Окан Бурук: Мора да го „залепиме“ Ливерпул за ѕид

101

Утре тимот на Галатасарај во рамките од второто коло од Лигата на Шампионите ќе го пречека тимот на Ливерпул. Спектаклот во Истанбул се очекува со месеци, а домаќинот е подготвен за сензација.

На денешната официјална прес конференција пред мечот, тренерот на Галата, Окан Бурук изјави дека неговиот тим е подготвен.

Ќе играме и ќе размислуваме како Галатасарај. Ова е еден од оние натпревари каде што мора да извршиме притисок врз противникот, туркајќи го до ѕид. Игравме многу такви натпревари, но овој против Ливерпул ќе биде еден од најтешките откако сум тренер на Галата. Ова е тим со многу успешен тренер. Сакаме да излеземе на теренот со свои планови и да го дадеме најдоброто од себе“ – изјави Бурук.

 

ПретходноПо инцидентот во Куманово: Малиот Ноар е добро! (ФОТО)
СледноЧудо во Србија: По 4,5 години конечно некој се осмели да покаже црвен картон на фудбалер на Ц. Звезда!