Палестинците бараат суспензија на Израел од ФИФА и УЕФА: „Фудбалот не може да биде неутрален на геноцид!“

42
ФОТО: UEFA.COM

И тоа како се зголемува притисокот, Израел, по настаните во Газа, да се суспендира од ФИФА и УЕФА. Последно е тоа дека претседателот на Палестинската фудбалска асоцијација, Џибрил Раџуб, ги повика УЕФА и ФИФА да го исклучат Израел од меѓународните натпреварувања, предупредувајќи дека израелската армија убила 416 играчи и службени лица во последните две години.

Фудбалот не може да остане неутрален пред геноцидот, етничкото чистење, дискриминацијата и континуираната окупација“, рече тој во одделни писма испратени до европските и светските управни тела на фудбалот.

Шпанската новинска агенција ЕФЕ објави дека писмата се испратени и до сите членки на УЕФА.

Молчењето или одложувањето повеќе не се прифатливи“, напиша Раџуб.
Медиумските извештаи велат дека извршниот комитет на УЕФА ќе се состане следната недела за да разгледа исклучување на Израел и неговите клубови од европските натпреварувања откако Обединетите нации објавија дека Израел врши геноцид врз Палестинците.
Палестинската фудбалска асоцијација, исто така, ги повика УЕФА и ФИФА независно да го истражат однесувањето на израелските службеници, играчи и навивачи за „поттикнување и поддршка на воена акција, расизам, дискриминација и уништување на фудбалската инфраструктура во окупираниот Појас Газа и Западниот Брег“.
„Ако не дејствувате сега, историјата ќе ве суди строго, а идните генерации ќе се прашуваат зошто управното тело молчеше и одлучи да ги игнорира јасните докази“, рече Раџуб.

За исклучување на Израел од натпреварувањата на УЕФА се потребни 11 гласови од 20 членови на Извршниот комитет на организацијата.

Во петокот, група од 48 спортисти потпишаа писмо со кое ја повикуваат УЕФА „веднаш да го суспендира“ Израел. Меѓу потписниците беше и фудбалерот Пол Погба.

ПретходноБетис со рутински триумф, Пелегрини со рекорд!
СледноВакво промашување од белата точка не сте виделе: Во Бразил е изведена најлошата паненка (ВИДЕО)