Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов напредок на ВТА-листата. На најновиот ранкинг, Ѓорческа се најде на 198 место. Ова значи дека нашата тенисерка направи скок од девет позиции, сега има 358 бодови.
Лина Ѓорческа најдобриот ранкинг на ВТА-листата го имаше во 2017 година кога се најде на 170 место.
На последниот настап, македонската тенисерка беше запрена во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Токму овој турнир и донесе 16 поени.