Израелски медиуми: “УЕФА нема да донесе одлука против нас“!

30
ФОТО: UEFA.COM

Дали попладнево се случува нов пресврт во однос на тоа Израел да биде суспендиран од УЕФА, поточно неговата репрезентација и клубовите од европските информации?

Се очекуваше деновиве ИК на УЕФА да ја стави оваа точка на гласање и секако Израел, поради настаните во Газа, да го суспендира израелскиот фудбал од своите натпревари.

Сепак попладнево, медиумите во Израел откриваат дека до такво нешто нема да дојде.

Имено се наведува и тоа дека УЕФА испратила порака до ФС на Израел во која се наведува дека таква седница на нејзиниот ИК не е планиран деновиве.

Ова значи дека, барем засега, опасноста за Израел е мината, но дали е ова навистина така, според тамошните медиуми, останува да се види.

ПретходноНикола Јокиќ си кажа: “Посакувам засекогаш да играм за Денвер!“
СледноЧави ги откачи Арапите, ја сака клупата на Јунајтед!