“Карамелите“ само до бод со “Чеканите“, Боувен се запиша во историјата!

21
ФОТО: Everton Football Club/FB

Уште еден одличен меч кој ни го понуди Премиерлигата. Вечерва Евертон и Вест Хем во една динамична средба, последна од 6.коло, одиграа без победник 1:1. И двете екипи има свои шанси за победа, но сепак на крајот мораа да се задоволат само со по бод, со кој гостите веројатно се позадоволни.

Карамелите“ поведоа со 1:0 со голот на Мајкл Кин уште во 18.минута на воодушевување на домашните фанови.

Се играше 65.минута кога Џерад Боувен со прекрасен гол не само што израмни на 1:1, туку се запиша и во историјата.

Имено неговиот гол е прв кој што Евертон го прима на новиот стадион “Хил Дикинсон“, тука се сметаат само официјалните мечеви. Познато е дека Евертон од оваа сезона игра на својот нов, супер модерен стадион во Ливерпул.

Со овој бод Евертон сега е деветти на табелата со 8 бода. Од друга страна Вест Хем остана претпоследен, но сега со 4 бода.

ПретходноЛацио ја декласира Џенова на нејзин терен!