КФСМ му одговори на Кожув: Немаме никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите

46
ФОТО: KFSM.MK

После соопштението на КК Кожув за одлуката Супер-Куп мечот со МЗТ Скопје да мине без навивачите на гевгелискиот тим, кои биле вратени, се огласи и КФСМ. Од федерацијата потенцираат дека Кожув не ги испочитувал пропозициите за пријава на фановите. “Почитувани, Во врска со настанот од 28.09.2025 година на Супер купот „Драган Василов – Цевка 2025“, кога навивачката група „Фантоми“ организирана од КК „Кожув“ (Гевгелија) беше вратена и не им беше дозволено присуство на натпреварот против КК МЗТ Скопје, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) сака да истакне: И покрај пропозициската обврска на гостинскиот клуб (КК „Кожув“) да ја пријави навивачката група најдоцна 72 часа пред натпреварот, пријавата беше доставена околу 30 часа пред почетокот. Федерацијата во целост ги превзеде сите активности за организација, а натпреварот беше уредно пријавен. Сепак, МКФ не носи никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите – конечната процена на безбедносните ризици е во исклучива надлежност на органите кои ги донесуваат тие одлуки. Воедно, МКФ ја користи оваа прилика да ги поздрави сите љубители на кошарката и спортот воопшто, охрабрувајќи ги да продолжат да ја следат играта со фер-плеј и позитивна енергија. Со почит, Македонска кошаркарска федерација”, велат во КФСМ.

ПретходноЧави ги откачи Арапите, ја сака клупата на Јунајтед!
СледноФИФА и одзеде три бода на Ј. Африка поради голема грешка!