Парма дојде до првата победа сезонава во Серија А!

23
ФОТО: FC Parma/X

Вечерва на “Енио Тардини“, домашниот состав на Парма славеше со 2:1 против Торино. Ова беше првата победа на “млекарите“ во петтиот сезонски меч во Серија А.

Пелегрино во 36.минута од пенал донесе водство на својот тим, но во 50.минута Нгонге успеа да израмни.

Сепак во продолжение од средбата, во таа 72.минута, Пелегрино со својот втор гол и донесе победа на својата Парма.

Ова се екстра значајни три бода за Парма во битката за опстанок, и се наоѓа на 13.место на табелата со 5 бодови, додека Торино сега е 14-ти со бод помалку.

ПретходноУспешно реализиран претсезонскиот семинар за службени лица на МКФ
СледноМурињо: Сега сум подобар тренер отколку порано, не сум гениј, можеби сум провокатор!