Лукас Подолски иако има цели 40. години сепак сеуште е активен за тимот на Горник Забрзе. Тој е дел од тимот на Горник од 2021 година, и иако е вон составот во моментов тоа не го спречи некогашниот германски репрезентативец да застане меѓу нај жестоките навивачи на клубот.
И тоа во дуелот со Краковиа кој што заврши 1:1. На огромно изненадување на навивачите, Подолски не само што се појави, туку и жестоко навиваше и се соблече до половина. И тоа би било во ред, ако во моментот температурата не беше девет степени целзиусови.
Сепак, полските навивачи, се познати како фанатици, и многу ексцентрични, па сето ова со Подолски воопшто не треба да изненадува.