ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО МОБ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА

12

Видеолотарија Касинос Австрија е сигурен партнер на културата. Тоа го потврдуваме и преку поддршката на новата сезона во Националната опера и балет.

Видеолотарија Касинос Австрија како лидер во секторот игри на среќа, со особена гордост ја презема улогата-партнер на културните збиднувања во Националната опера и балет. Во петок 03.10.2025, со почеток од 20 часот, започнува новата сезона. На отварањето ќе биде изведено едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием” на Моцарт. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на Моцарт.

Во солистичката постава ќе настапат: Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас). Заедно со оркестарот и хорот на Националната опера и балет, тие ќе создадат незаборавно музичко доживување кое ќе го означи почетокот на новата сезона.

Поддршката на културните настани е клучен сегмент од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија, насочена кон поттикнување на уметноста и збогатување на културниот живот во земјава. Со ова партнерство ја потврдуваме нашата заложба за поддршка на вредностите што културата ги носи во едно општество – убавината, инспирацијата, духовноста и заедништвото. Годи сме што ќе бидеме дел од настаните кои ја промовираат и унапредуваат културата.

 

ПретходноПрекин во Куманово: Навивач падна од трибината на терен
СледноБашкими не се дава, Вардар одигра 0:0 во Куманово