Прекин на натпреварот од осмото коло од ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Башкими и Вардар кој што во моментов се игра во Куманово. Само што започна второто полувреме дојде до немил настан кога еден млад навивач на Башкими, падна од единствената трибина на стадионот во Куманово, директно на терен.
За голема среќа, брзата помош, како и лекарските екипи на двата тим веднаш реагираа и навивачот беше кренат и одведен со возилото на брзата помош.