Успешно реализиран претсезонскиот семинар за службени лица на МКФ

24
ФОТО: KFSM.MK

Во организација на Судиската комисија при македонската кошаракарска федерација изминатиот викенд во Скопје се одржа претсезонскиот семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори. Настанот го проследија околу 70 судии и 40 делегати и контролори, што претставува значаен одзив и потврда за сериозниот пристап кон подготовките за новата натпреварувачка сезона. Забележително беше и присуството на сосем нови 12 кандидати за судии кои го проследија семинарот во целост.

Семинарот започна со тест на физичката подготвеност на судиите во СРЦ „Кале“, по што следеше теоретскиот дел во хотел „Актор“. Делегатите и контролорите паралелно имаа свои сесии, кои вклучуваа: 

– Осврт на контролите од минатата сезона и насоки за идната работа

Работилница со ФИБА инструктор Синиша Херцег, со фокус на евалуација и комуникација.

Официјалното отворање го изврши претседателот на македонската кошаркарска федерација, Томе Главчев, а свое обраќање имаше и потпретседателот Младен Ѓуроски. Програмата продолжи со предавања од домашни и меѓународни предавачи:

– Александар Давидов (АБА судија) говореше за основните принципи на судење

– Синиша Херцег од ФИБА Европа одржа две сесии на тема „Суди ја одбраната“ – со фокус на примарен и секундарен одбранбен играч

– Попладневната сесија беше посветена на темата „Процесирај ја акцијата – стрплива свирка“, со практични примери и видео анализи – исто така презентирана од страна на гостинот од Хрватска.

Неделниот дел од семинарот беше резервиран за административни и етички аспекти:

– Петар Денковски (МКФ/ФИБА) презентираше протоколи за судење и подготовка за сезоната

– Александар Милојевиќ, комесар на МКФ, даде анализа на работата на службените лица минатата сезона, и препораки за следната

– Алија Феревски, претседател на СККФСМ, ги презентираше новитетите во контролниот образец, етичкиот кодекс и санкциите за несоодветно извршување на обврските на службените лица. 

Семинарот заврши со полагање на теоретскиот дел од тестирањето, по што следеше официјалното затворање.

Со овој семинар, МКФ и Судиската комисија ја потврдија својата заложба за професионален развој, унапредување на критериумите и доследна примена на

правилата на игра. Очекуваме уште една успешна и фер сезона на македонските кошаркарски терени, со подигнување на нивото на кошарката воопшто.

ПретходноШпанија е во тага: Почина 19-годишен голман!
СледноПарма дојде до првата победа сезонава во Серија А!